Се исплаќа зголемена мартовската пензија

0
50

Мартовската зголемена пензија за сите ќе биде исплатена утре на 1 ви април. Некои од пензионерите пензијата ја добија вчера, дел денес а конечната исплата ќе биде утре.

Мартовските пензии се покачени за 1.000 денари линеарно за сите што е четврто линеарно зголемување.

Халкбанк А.Д. Скопје ја направи предвремената исплата уште на 30 март 2026 година – средствата се достапни на сметките, банкоматите, електронското и мобилното банкарство, како и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Истиот износ беше додаден и минатиот септември.