Во Кривичниот суд Скопје започна судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да изврши самоубиство заедно со нивната 6-годишна ќерка Катја, како и за семејно насилство и малтретирање.
Обвинението наведува дека Јовановски подолг период психички и физички ја малтретирал Ивана, која се наоѓала во положба на зависност, а на 2 март извршила самоубиство.
Во воведните зборови, обвинителката ги цитирала највулгарните навреди и закани што тој ѝ ги упатувал. Јовановски се смеел и мафтал додека обвинителката го опишувала настанот. Адвокатите ќе ги дадат своите воведни зборови по паузата.
Извор: Сакамдакажам.мк
Home МАКЕДОНИЈА Јовановски се смеел додека обвинителката ги чита заканите што ја доведоа сопругата...


