Царинарница Штип со приход од 7,8 милијарди денари во 2025 година

0
47

Во 2025 година, Царинарница Штип остварила приходи од 7,8 милијарди денари, што е за 267,8 милиони денари повеќе споредено со претходната година.

На ниво на целата царинарница, инспекторите издале вкупно 6.980 записници поради откриени нелегални дејствија. По овие случаи, биле донесени решенија за дополнителна наплата во износ од 235,2 милиони денари, со што се зајакнува контролата и усогласеноста со царинските прописи.

Овие резултати покажуваат стабилен раст на приходите и зголемена ефикасност во откривање на нелегални активности, што директно придонесува за заштита на државните приходи и правилна трговска практика, соопштија денес од Царинската управа на Македонија.