Локални избори во Србија: Бројни инциденти фрлија сенка врз победата на партијата на Вучиќ

0
48

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека коалицијата предводена од Српската напредна партија (СНС) извојувала победа во сите десет општини каде што се одржаа редовни локални избори. Гласањето се одвиваше во Аранѓеловац, Бајина Башта, Бор, Кладово, Књажевац, Кула, Лучани, Мајданпек, Севојно и Смедеревска Паланка.
Сепак, изборниот ден не помина без сериозни инциденти. Во Бор, Бајина Башта и Кула беа регистрирани случаи на физичко насилство, присуство на маскирани лица и обвинувања за организирани притисоци врз гласачите. Дел од набљудувачите и новинарите укажаа и на можни нерегуларности, вклучително и сомнежи за паралелни списоци и купување гласови.