Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија, заедно со владината делегација.
Во рамки на посетата, Мицкоски ќе оствари средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, каде ќе разговараат за унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања.
Премиерот ќе се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија“, со цел воспоставување нови контакти и разгледување можности за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.
Во состав на владината делегација се вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорите на повеќе агенции за странски инвестиции, технолошки индустриски развој и иновации.


