БиХ – Градот Бања Лука доделува бесплатни парцели, дозволи за градење и проекти на млади брачни парови и самохрани родители

0
47

Градот Бања Лука во Босна и Херцеговина официјално објави дека продолжува со процесот на доделување бесплатни парцели на млади брачни парови и самохрани родители. Иницијативата доби залет на почетокот на неделава, откако на 21 март стапија во сила измените на Законот за стварни права, со кој се отвори законски пат за спроведување на оваа мерка. Според градот во програмата не се вклучува само доделување земјиште, туку, на корисниците треба да им се обезбедат бесплатни градежни дозволи, како и проект за куќа, што значително ги намалува трошоците за изградба. Според информациите, на претходно објавениот јавен повик на Градот веќе се пријавиле околу 500 кандидати.