Жена избоде четири лица во центарот на Софија

0
35

Жена синоќа избоде четири лица во центарот на Софија .Кај метро станицата „Стадион Васил Левски“биле пронајдени две лица германски државјани со убодни рани. Еден од нив, 63-годишен маж, бил опериран доцна синоќа
во Универзитетската болница и медицински центар „Пирогов“. Раната на неговиот 65-годишен сонародник, кој настрадал во истиот инцидент, била хируршки третирана и тој бил отпуштен.
20 минути подоцна, беше поднесена втора пријава дека истата жена избодела уште две жени. Тие имаат 27 години и имаат убодни рани на рацете и рамената и биле однесени во Военомедицинската академија.
Нивните рани се санирани и тие се пуштени дома . Жената напаѓач е приведена. Таа е ментално болна, а нејзините мотиви биле ксенофобични.