Дон Данте, односно отец Жељко Ловриќ, со својата хип-хоп песна „Исповед од асфалтот“ не ги освои само социјалните мрежи, туку и луѓето кои можеби со години не застанале да слушнат порака за верата, надежта и смислата на денешниот хаотичен свет.
Неговиот спот на Јутјуб, за две недели има над 130.000 прегледи и стана апсолутен хит.
-Знам дека многумина ги интересира за што е оваа моја прва композиција ‘Исповед од асфалтот’, која некако ја виде светлината на денот преку спот што го режирав. Настана од мојот револт и бунт. Не ми се допаѓа тоа што се случува во светот. Виновни сме и ние од црквата што тоа се случи, бидејќи очигледно тоа што го зборувавме не најде плодна почва. Целото човештво не е добро.
Кога толку лесно се лизна. Жал ми е што тоа се случи и чувствувам вина, згрозеност и затоа настана песната ‘Исповед од асфалтот’. Таа е мој манифест“, вели Жељко за хрватските медиуми.


