Стаменкова, Чокревски, Кузеска, Илијовска и Земон избрани во раководството на СДСМ-, а на 7 јуни ќе се одржи 32-от Конгрес

0
56

СДСМ го свика 32-от Конгрес, кој ќе се одржи на 7 јуни (недела). Конгресот ќе има програмски карактер и на него се очекува да биде презентирана и усвоена новата програма на партијата, како и идните политики и насоки на делување.
Претседателот Филипче ја презентираше новата предлог платформа, а нови членови на раководството се: Соња Стаменкова, Слободен Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон.
За меѓународен секретар е именуван Андреј Жерновски, а втор организациски секретар е Зоран Трифуновски. Партијата исто така распиша оглас за избор на претседател на Форумот на пензионери.