Во Словенија aрмијата распоредена на пумпи низ целата земја

0
45

Заради ризиците од можен недостиг на гориво Словенија, Владата на земјата донесе итни мерки за стабилизирање на залихите.
Во помошта е вклучена и словенечката армија, чија логистичка бригада учествува во дистрибуцијата на нафтени производи низ целата земја Како што е објавено од армијата, подготвени се тимови и материјални ресурси за да се обезбеди снабдување со гориво на граѓаните.
За таа цел, активирани се и екипи на цистерни за гориво од 670-от логистички баталјон. Армијата истакнува дека нивните цистерни веќе придонесуваат за постабилно снабдување и побрзи испораки до бензинските пумпи.