Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против тројца соизвршители за кривично дело тешка кражба.
Во првите денови на март, обвинетите украле различни видови кабли од кругот на фабриката „Железара“ во Кавадарци, со вкупна вредност од 196.500 денари. При кражбата, тие оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, вреден 800.000 денари.
Обвинетите биле фатени при обидот да ги изнесат каблите од фабриката, по што биле лишени од слобода.
Јавниот обвинител предложи продолжување на претходно определената мерка притвор за еден од обвинетите, додека за останатите двајца се применуваат мерки на претпазливост.


