Марта Кос го отфрли повикот на Вучиќ и на Рама

0
50

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека влегувањето на една земја во Шенген или заедничкиот пазар на ЕУ, бара реформи исто толку тешки како и оние за членство во ЕУ, пренесоа денеска српските медиуми.
Вучиќ и Рама рекоа дека сакаат нивните земји да бидат интегрирани во единствениот пазар, како и во Шенген зоната, без да добијат политичко право и право на вето како полноправни членови.
Кос го отфрли повикот на Вучиќ и Рама и рече дека не е сигурна дали лидерите „знаат колку треба да постигнат за да бидат дел од Шенген или заедничкиот пазар“, додавајќи дека реформите за економска интеграција со ЕУ се исто толку тешки како и за пристапување во Унијата.