Грција меѓу лидерите во ЕУ по намалување на смртноста на патиштата

0
41

Во Грција е регистриран сериозен пад на сообраќајните несреќи со фатални последици – покажуваат најновите податоци на Европската комисија објавени во електронското издание на весникот „Етнос“.Според извештајот на ЕК, во текот на 2025 година во Грција животот го загубиле 517 лица, што е за 22 отсто помалку во споредба со претходната година. Ова претставува најголем годишен пад и рекордно низок број на загинати во сообраќајот во последните шеесет години во земјата. На ниво на цела Европска Унија бројот на загинати е намален за 3 отсто достигнувајќи вкупно 19.400 жртви.
Грција се наоѓа на второто место по стапката на намалување, веднаш по Естонија.