Малопродажниот синџир SPAR официјално влезе на пазарот во Македонија, при што најголемиот број од ребрендираните маркети се наоѓаат во Штип.
Поранешните маркети на Кит-Го сега работат под името „СПАР Норт Македонија“, а вкупно 62 продажни места низ државата се веќе ребрендирани.
Освен во Штип, маркетите се присутни и во Скопје, како и во повеќе други градови низ источниот дел на државата.
Влезот на СПАР беше најавен претходно годинава, а брендот доаѓа преку косовската компанија Вива Фреш Груп, која веќе е присутна на македонскиот пазар.
СПАР е основан во 1932 година во Холандија и денес функционира како глобален синџир со илјадници продавници во десетици земји, а ова е негово прво официјално присуство во Македонија.


