Физички напад со железен предмет се случил вчера во гаража во штипската населба Македонка. За нападот пријавен е Е.А. – 40 годишен, за кого 56-годишниот Т.П. тврди дека го удрил со тврд предмет во главата. Од ударот, Т.П. се онесвестил поради што била повикана и Брза помош. Полицијата излегла на лице место, го привела пријавениот а случајот е во постапка по што и ќе следува соодветна пријава…


