Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис објави четири наменски целни субвенции во вкупен износ од 300 милиони евра за гориво и ѓубрива за справување со последиците од војната на Блискиот Исток.Грција ќе имплементира „дигитална картичка за гориво“ што може да се користи на бензински пумпи, во јавен превоз и во такси.А „За да се олесни товарот врз земјоделците кои се соочуваат со нагло зголемување на цените на ѓубривата“, Атина, исто така, ќе ги субвенционира нивните сметки за ѓубрива за 15%”, најави тој.
Двете други целни мерки се однесуваат на патничкиот поморски транспорт, важен сектор во Грција поради неговата географија, и дизел возилата. „Нашата цел е да ги одржиме цените на билетите за ферибот блиску до минатогодишните нивоа“, изјави Киријакос Мицотакис, како што се приближува почетокот на туристичката сезона.


