Албанската полиција приведе 14 лица по протестот на опозицијата во Тирана, додека девет од нив се под истрага на слобода. Меѓу приведените имало и малолетници, но тие биле ослободени. На, протестот беа фрлени молотови коктели врз кабинетот на премиерот, Министерствата за внатрешни работи и Министерството за инфраструктура, во близина на Банката на Албанија, каде што беше цел на нападот седиштето на СП.Во немирите повредени се шест полицајци, кои се хоспитализирани, со изгореници на екстремитетите од молотови коктели и пиротехнички средства.


