OFAC ја продолжи лиценцата на НИС до 17 април

0
68

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена компанија НИС до 17 април соопштија српските власти. Одлуката ѝ овозможува на компанијата да продолжи со своите активности откако претходната лиценца истече на 20 март.
Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ Хандановиќ изјави дека продолжувањето на лиценцата е од суштинско значење во услови на зголемување на цените на нафтата на меѓународните пазари. Според неа, рафинеријата Панчево продолжува да работи нормално, а залихите на гориво остануваат стабилни. Таа нагласи дека нема причина за загриженост кај граѓаните и дека нема потреба од складирање, бидејќи залихите се доволни.