Два месеци и половина по воведувањето на еврото како официјална валута во Бугарија, бевме сведоци на уште еден историски настан. Бугарија го доби својот 151-ви тото милионер.
Вториот по големина џекпот во историјата на Бугарскиот спортски тотализатор, а прв досега исплатен во евра, го освои играч од Софија, објави 4news.mk Среќниот тикет е уплатен во населбата „Младост 2“, со претплата за пет кола. Играчот избрал полна комбинација со седум броја во првото поле и по шест броја во преостанатите три полиња на ливчето.
Вкупната уплата изнесувала 41 евро, а среќната комбинација која го направи милионер е: 23, 24, 33, 36, 38, 42 и 48.
Со ова, тој освои „шестка“ вредна 5.778.402,80 евра, како и шест „петки“ во вредност од 13.018,80 евра. Вкупната сума што ќе легне на неговата банкарска сметка изнесува импресивни 5.791.421,60 евра.
Најголемата сума некогаш освоена во игрите на „Спорт Тото“ останува џекпотот од 2022 година, кој изнесуваше 11.715.401 лева. Во текот на 2025 година, исто така беше забележан голем успех со премија од над 11,3 милиони лева.
До крајот на 2025 година, Бугарија веќе официјално имаше 150 тото милионери. Само во таа година бројот на милионери значително порасна – од 140 на почетокот на годината до јубилејниот 150-ти во ноември.


