Грција организира воздушна евакуација на домашни миленици од Блискиот Исток

0
51

Грција организираше специјален лет за евакуација со кој беа пренесени десетици кучиња и мачки заедно со нивните сопственици, кои со недели биле заглавени на Блискиот Исток поради актуелниот конфликт во регионот.
Со летот од Абу Даби во Обединети Арапски Емирати пристигнаа 45 домашни миленици и 101 патник во Атина. Во организација на грчките власти, летот овозможи безбедно враќање на граѓаните кои не можеле да најдат алтернативни опции поради ограничувањата во воздушниот сообраќај.
Емоционални сцени се случуваа на аеродромот во Атина, каде што малите кучиња радосно реагираа веднаш по излегувањето од нивните транспортни кафези.
Според Министерството за внатрешни работи на Грција,„Нашите миленици не се багаж, тие се дел од нашите семејства“, истакна тој, додавајќи дека целта била безбедно враќање и на луѓето и на животните. изјавија дека повеќе институции соработувале за да се овозможи оваа операција.