Јанез Јанша, кој по неколкудневен јавен притисок конечно призна дека се сретнал со претставници на израелската разузнавачка компанија „Black Cube“.Јанша потврди дека се сретнал со Ѓор Еиланд, еден од клучните луѓе на оваа контроверзна компанија, која медиумите често ја нарекуваат „приватен Мосад“.
Признанието дојде откако државниот секретар за национална безбедност Војко Волк ги објави наодите на разузнавачката служба СОВА, според кои „Black Cube“, како што изјави, „по наредба од Словенија“ планирал да влијае на исходот од изборите.


