Уапсен возачот што прегази 11-годишничка во Капиштец – ќе одговара за тешко дело и бегство од местото

0
59

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода С.Б. од Скопје, кој пред два дена со возило удрил во 11-годишно девојче во населбата Капиштец и потоа избегал од местото на несреќата.
Настанот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било известено дека кај нив е донесена малолетничка со тешки телесни повреди.
Според информациите, сообраќајната незгода се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со „Народен фронт“. Патничко возило удрило во девојчето, по што возачот го напуштил местото без да укаже помош.
По преземени мерки и активности, полицијата го идентификувала и пронашла осомничениот.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.