Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието.
Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.
Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот, а пензионерите да добија зголемување од 7.000 денари во неполни две години.
Новото законско решение, според пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи од движењето БЕСА, има за цел подобрување на стандардот за пензионерите.


