Косово осуди двајца Срби за воени злосторства

0
60

Суд во Приштина осуди двајца поранешни припадници на српските вооружени сили, Зоран Костиќ и Драган Миловиќ, на 15 и седум години затвор, соодветно, објави „Балкан инсајт“. Тие беа прогласени за виновни за воени злосторства против албански цивили во април 1999 година во северната општина Вуштри. Костиќ и Миловиќ беа уапсени во септември 2023 година.
Во обвинението се наведува дека Тие биле меѓу припадниците на српската армија и паравоените сили кои учествувале во грабежите на куќите на жителите од албанска националност, а потоа ги запалиле куќите и убиле невооружени цивили во селото Резник а во областа Вучитрн „злоупотребувале, тепале и мачеле“ цивили.