Употребата на кетамин во Европа порасна за 41 отсто – а Загреб и Сплит не заостануваат. Дисоцијативна дрога двапати поевтина од кокаин, лесно достапна бидејќи производството не е забрането. Годишната анализа на отпадни води во европските градови покажа дека Загреб и Сплит се меѓу првите 20 по употреба на илегални супстанци. Кетаминот, кој чини само 40 евра по грам, бележи нагол пораст и во Хрватска – следејќи го европскиот тренд од 41 отсто повеќе. Стручњаците предупредуваат: станува збор за силна дисоцијативна дрога со разорни ефекти врз бубрезите и нервниот систем. Хрватскиот завод за јавно здравство и МВР ги презентираа резултатите од редовната анализа на отпадни води во европските градови. Загрепчаниte користат помалку кокаин отколку во 2024 година, но повеќе MDMA. Сплиќани, пак, бележат пораст на кокаин и пад на MDMA. И двата града влегуваат меѓу топ 20 европски градови по употреба на психоактивни супстанци. Марихуаната, амфетаминот и метаамфетаминот остануваат на слично ниво, додека кетаминот, кокаинот и MDMA се концентрирани викендите.
Фармакологот Роберт Ликиќ објаснува дека кетаминот го привлекува пазарот поради специфична правна ниша: производството не е забрането, бидејќи се користи во медицината и ветерината како анестетик. Тоа го прави полесно достапен и значително поевтин – 40 евра по грам наспроти 80 до 100 евра за кокаин. Метаамфетаминот е најскап со 120 евра по грам, додека марихуаната останува достапна по 10 до 15 евра.
Home МАКЕДОНИЈА Кетаминот ги освојува Загреб и Сплит: двапати поевтин од кокаинот, производството легално

