Зголемување на воведениот плафон на профитната маржа од 12 на 20 центи или утврдување на плaфонот според нивото од 27 февруари, односно денот пред почетокот на војната, бараат сопствениците на сите бензинските пумпи на грчкиот остров Лезбос, кои започнаа штрајк и од денеска ќе бидат затворени на неопределено време, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката за штрајкот беше едногласно донесена од 45 сопственици на бензински пумпи на островот за време на генералното собрание одржано во вторникот, кога според локалните медиуми, било нагласено дека „затвораат за да не ги затворат“.


