Балканските компании под притисок од Шенген правилата-Платите се преполовуваат, договори пропаѓаат, компаниите губат

0
49

Превозниците од Македонија и Западен Балкан не очекуваат брзо решение за проблемите што ги создава правилото за престој во Шенген-зоната. На денешниот онлајн состанок со Европската комисија се очекува размена на ставови, но без конкретни резултати.
Како најреално решение се посочуваат специјални долгорочни визи за професионалните возачи, но засега нема најави за нивно воведување. Според асоцијацијата „Макам-транс“, ситуацијата дополнително се влошува поради одливот на возачи кон земјите од ЕУ и неусогласената примена на правилата на границите.
Проблемот е сериозен и на европско ниво. Според податоците на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ), во Европа веќе недостигаат стотици илјади возачи, а до 2028 година бројката може да достигне над 745.000.
Во меѓувреме, компаниите од регионот веќе трпат последици. Во Босна и Херцеговина стотици возачи биле вратени од граница, што доведе до откажување на транспортни договори и значителни финансиски загуби.
Превозниците предупредуваат дека доколку не се најде решение, транспортниот сектор може да се соочи со сериозен колапс, што ќе има директно влијание врз синџирите на снабдување и економијата во целиот регион.