Од денеска директни летови од Охрид до Братислава, од 29 март и до Милано

0
195

Од денеска, граѓаните можат директно да летаат од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ до Братислава, а веќе од 29 март ќе биде отворена и новата линија до Милано. Овие авиолинии ќе донесат нови туристи во Охрид и ќе создадат повеќе можности за зајакнување на локалната економија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот фејсбук профил.
Развојот на авиосообраќајот е еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано се работи на унапредување на цивилниот авиосообраќај и значително проширување на мрежата на дестинации.
– Остануваме силно посветени на развојот на авиосообраќајот заради поврзување на Македонија со големите европски центри, потенцира Николоски.