Нацрт-извештајот за Србија пред ЕП: Реформите се забавени, назадување во владеењето на правото и медиумите

0
73

На Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент денес му беше презентиран нацрт-извештајот за Србија, во кој се наведува дека реформите значително се забавиле и покажуваат назадување особено во областа на владеењето на правото и слободата на медиумите.
Во извештајот, се наведува дека напредокот на Србија кон Европската унија е запрен во претходните години, првенствено поради загриженоста во врска со состојбата на демократијата и владеењето на правото.
Во извештајот се оценува дека политичките права и граѓанските слободи во Србија се во опаѓање, со притисок врз независните медиуми, академската заедница, опозицијата и организациите на граѓанското општество.