Штипската болница во првите шест часа примила до 130 повредени од пожарот во Кочани

0
49

Клиничката болница во Штип во првите шест часа по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани примила околу 120 до 130 повредени, изјави директорот Влатко Захариев.
Во првите 60–70 минути пристигнале околу 40 пациенти со изгореници, по што бил мобилизиран медицинскиот персонал. На повикот се одзвале 90 до 100 вработени, а биле формирани десет тимови за првична тријажа и третман.
По 45 минути од првиот прием започнал и транспортот на пациентите кон клиниките во Скопје, најпрво на полесните случаи, додека потешките биле стабилизирани и потоа испраќани.
Според Захариев, добрата координација и стратегија придонеле да не се изгуби ниту еден дополнителен живот.