
Американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување до НАТО дека алијансата може да се соочи со „многу лоша“ иднина доколку сојузниците не помогнат во деблокирањето на Ормутскиот теснец.
Во интервју за Фајненшл тајмс, Трамп ги повика европските земји и другите партнери да се приклучат на напорите за отворање на клучниот поморски коридор низ кој поминува околу една петтина од светската нафта.
Теснецот беше затворен од Иран по воениот конфликт со САД и Израел, што предизвика раст на цените на нафтата на околу 106 долари за барел.
Трамп истакна дека сојузниците треба да помогнат со воени капацитети, вклучително и миниловци, додавајќи дека „НАТО долго време е еднонасочна улица“.

