Тоневски: Пробиштип со тага се сеќава на младите животи згаснати во трагедијата

0
39

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, им оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред една година, истакнувајќи дека градот никогаш нема да ги заборави прерано згаснатите животи.
Во објава на социјалните мрежи тој посочи дека граѓаните на плоштадот со свеќи, наведнати глави и тага во срцата им оддаваат почит на своите млади сограѓани.
Тоневски порача дека болката и спомените остануваат длабоко врежани во срцата на граѓаните, а Општина Пробиштип изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Пробиштип никогаш нема да ве заборави“, порача тој.