Спортски терен „Адријан и Иван“ отворен во Соколарци во чест на трагично загинатите деца

0
57

Во село Соколарци, општина Чешиново-Облешево, вчера официјално беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите од селото и околните места.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија, на што од општината упатија искрена благодарност до министерот Борко Ристовски и до сите институции вклучени во неговата реализација.
Градоначалникот Јорданче Костадинов, заедно со претставникот од Министерството за спорт Илија Ристески, симболично го пуштија во употреба новиот спортски терен.
Теренот го носи името „Адријан и Иван“, во чест и сеќавање на децата трагично настрадани во дискотеката „Пулс“ во Кочани.