Од денес, зимските гуми можат да се заменат со летни бидејкиод вчера, 15 март, заврши законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во моторните возила во Македонија Според правилата од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, зимската опрема беше задолжителна во периодот од 15 ноември до 15 март, без разлика на временските услови.Со завршувањето на зимскиот режим, возачите повеќе не се обврзани да поседуваат зимска опрема, но надлежните апелираат и понатаму да се вози внимателно и да се прилагоди брзината на условите на патот.


