Бугарскиот парламент усвои измени во Законот за корпоративно даночно оданочување со кои верските заедници се ослободуваат од данок на приходите добиени од изнајмување на недвижен имот.Според новите правила, приходите што верските организации ги добиваат од изнајмување или давање на користење на сопствените имоти повеќе нема да подлежат на корпоративен данок.
Во образложението на законските измени се наведува дека основната дејност на верските заедници, регистрирани според Законот за вероисповеданијата, е насочена кон исполнување религиозни и општествено корисни функции, а не кон остварување профит.


