Во населба Сењак во Штип заврши асфалтирањето на новата паркинг површина наменета за потребите на жителите од околните станбени згради.
Со оваа инвестиција се обезбедуваат нови паркинг места и се подобрува организацијата на сообраќајот во населбата, со што се олеснува секојдневието на жителите кои со години се соочуваа со недостиг од простор за паркирање.
Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека општината продолжува со уредување на јавниот простор и решавање на инфраструктурните проблеми во повеќе населби во градот.
„Со уредувањето на оваа паркинг површина создаваме подобри услови за жителите и придонесуваме за поголема безбедност и ред во сообраќајот. Ќе продолжиме и понатаму со вакви проекти во различни делови од градот“, истакна Јорданов.
Од Општина Штип најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за уредување на паркинг простори, улици и јавни површини со цел подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните.

