Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, изјави дека „ситуацијата на Косово е мирна, но кревка“. Тој нагласи дека трајната безбедност зависи од политичко решение и дека КФОР силно го поддржува дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Зборувајќи за моменталната ситуација на север, Улуташ рече дека е мирна и дека КФОР внимателно ја следи ситуацијата и одржува видливо присуство и синхронизирани патроли со српската армија по административната линија. Исто така, командантот го поздрави и континуираниот придонес на Албанија и Хрватска во мировната мисија на КФОР.


