Над 10 килограми мешавина со фентанил е најновата заплена на бугарското МВР, откако по специјална акција во главниот град Софија беа приведени 50-годишен маж и 55-годишна жена. При претреси на неколку адреси биле пронајдени околу 40 килограми МDMA, близу два килограми кокаин, околу три килограми канабис и повеќе од 10 килограми мешавина од хероин и фентанил, како и две автоматски оружја и два пиштола…


