Во делчевската населба Басарица изградена улицата “Драмечка”, во СРЦ се поставува канализација

0
46

Интензивно се работи на изградба на подземната инфраструктура во новата населба Спортско рекреативен центар во Делчево со што се создаваат предуслови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата.
Паралелно, во населбата Басарица е изградена уште една улица, овој пат, улицата Драмечка.
Овие два проекти се само дел од низата кои се предвидени со Програмата кои се проритет но и предуслов за рамномерен развој на урбаните зони и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.