Екипите при ЈП “Исар” Штип интензивно работат на реализација на првата фаза од проектот за замена на водоводната и канализационата мрежа на улиците „Дуго Село“ и „Питу Гули“ во Штип.
Со активностите се врши реконструкција на дотраената подземна инфраструктура, со цел подобрување на водоснабдувањето и функционирањето на канализациониот систем за жителите во овој дел од градот.
Од претпријатието информираат дека работите се одвиваат со засилена динамика, а проектот претставува дел од континуираните активности за модернизација на комуналната инфраструктура во Штип. Со реализацијата на оваа фаза се очекува значително подобрување на квалитетот на услугите и намалување на дефектите на водоводната мрежа.


