Објавен Јавен повик за поддршка на здружување на земјоделски стопанства

0
37

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави Јавниот повик бр. 02/2026 за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
Со повикот се предвидува поддршка преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, односно подмерка 131.1, чија цел е поттикнување на здружувањето и зајакнување на соработката меѓу земјоделските производители.
Право на аплицирање имаат земјоделските задруги кои се регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите и се евидентирани во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Преку оваа мерка се очекува да се подобри организираноста на земјоделските производители, да се зголеми нивната конкурентност на пазарот и да се создадат подобри услови за развој на руралните средини.