„Зелен Чекор 2026“ – голема еко-акција во Виница со над 300 волонтери

0
65

Општина Виница на 28 март ќе ја реализира најголемата еко-акција досега под мотото „Зелен Чекор 2026 – Општината што ја сакаме“. Акцијата се организира со поддршка на бизнис-заедницата и локалната самоуправа.
Според најавите од градоначалникот Митко Костадиновски, во повеќе зони низ општината ќе бидат вклучени над 300 волонтери кои ќе работат на чистење и уредување на јавните површини.
Целта на иницијативата е да се подигне еколошката свест, да се подобри изгледот на животната средина и да се поттикне заедничка грижа за општината.
Акцијата ќе заврши со заедничко дружење на градскиот плоштад во Виница, каде волонтерите и граѓаните ќе имаат можност да го одбележат успешно реализираниот еко-настан.
Од Општината посочуваат дека „Зелен Чекор 2026“ е акција на целата општина и повикуваат што поголем број граѓани да се вклучат и да дадат придонес за почиста и поубава Виница.