Грчки авиони и „Патриот“ го чуваат небото над Софија – бугарската војска се спрема за ракетни закани

0
33

Бугарскиот в.д. министер за одбрана Атанас Запрјанов соопшти дека системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, обезбеден од Грција, веќе е ставен во функција и дека Бугарија во моментов има целосна воздушна заштита.. Говорејќи пред новинарите во Народното собрание, тој рече дека системот почнал да работи околу 16 часа откако Грција потврдила дека ќе ѝ помогне на Бугарија преку механизмите на НАТО. Според министерот, распоредувањето е дел од пошироките напори за зајакнување на националните капацитети за воздушна одбрана во услови на растечки регионални тензи . Запрјанов изјави дека засилените мерки за воздушна одбрана не треба да се толкуваат како одговор на непосредна воена закана, туку како превентивен чекор за подобрување на безбедносниот систем и подготовка за можни ризици.