Уставниот суд на Косово вчера воведе привремени мерки за указот за распуштање на Парламентот издаден на 6 март од претседателот на Републиката, Вјоса Османи,. Оваа одлука ѝ забранува на Османи да презема какви било дејствија во врска со указот, а исто така му забранува на Собранието на Косово да презема какви било дејствија додека привремените мерки се на сила.Судот објави дека мерката ќе остане на сила до 31 март и додека не се донесе конечна одлука во случајот.
Во образложението за одлуката се наведува дека е донесена „со цел да се спречи непоправлива штета на уставниот поредок и демократското функционирање на основните институции на земјата“.
Воведувањето на привремени мерки во суштина значи дека Османи не може да одреди датум за нови парламентарни избори сè додека мерките се на сила.


