Грција дели ваучери за високите цени на горивата

0
64

Грчката влада подготвува нов пакет финансиски мерки во вредност од 600 милиони евра за поддршка на домаќинствата поради драматичното зголемување на цените на енергијата.Властите кај нашиот јужен сосед размислуваат за враќање на познатите ваучери за бензин и дизел, како и за паралелна програма од 400 милиони евра за прехранбени производи насочени кон најранливите групи.

Планот на кабинетот во Атина предвидува субвенција од 50 до 100 евра по лице за да се ублажи ударот од цените на бензинот што достигнуваат 2 евра за литар. Критичарите во земјата веќе ги опишаа мерките како неефикасни, бидејќи тие не го решаваат главниот проблем со огромниот даночен товар врз горивата , туку во пракса ги субвенционираат корпоративните профити со јавни средства.