Во понеделник, на 16 март Штип ќе им испрати светлина на петмината починати во Пулс

0
71

На годишнината од големата трагедија во кочанската дискотека Пулс, во понеделник на 16 март, Штип ќе испрати порака со светлина до петмината починати, но и до сите останати на кои животите трагично им завршија тој ден.

На 15 во недела ќе се одигра меморијален фудбалски натпревар “Играме во чест на Даме” во сеќавање на Дамјан Таневски, на спортскиот терен кај средното медицинско училиште во Штип со почеток во 17.00 часот.

Во понеделник на 16 март 2026 година
18.30 ч. прием на гости и поставување на камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај фонтаната во близина на градскиот плоштад;
18.40-19.10 ч. – палење свеќи во чест на сите починати на градскиот плоштад;
19.10 ч. – кратка програма во чест на жртвите;
19.30 ч. – ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови.
Организатори на трагичниот настан се семејствата на починатите и нивни блиски.