54-годишна жена од Скопје пријавена за долгогодишни навреди кон снаата

0
50

Педесет и четиригодишна жена од Скопје била повикана на службен разговор во Полициско одделение Шуто Оризари по пријава од нејзината снаа за долгогодишно вознемирување.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, на 7 март полициски службеници извршиле разговор со Х.М. (54), по поплака од нејзината 29-годишна снаа. Во пријавата се наведува дека во изминатите две години таа постојано ја навредувала, а претходно и физички ја нападнала.
За време на службените дејствија, жената се однесувала агресивно и кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.