Повеќе од 270 вонредни контроли биле спроведени на бензински пумпи низ Македонија од страна на Државниот пазарен инспекторат, по информациите на социјалните мрежи за недостиг на гориво.
Директорот на инспекторатот Стојко Стојкоски изјави дека кај околу дваесетина бензински станици бил утврден привремен недостиг на гориво. Сепак, станувало збор за краткотрајни прекини во снабдувањето, кои траеле од еден до два часа, додека се дополнат резервоарите.
Поради краткото траење на прекинот, инспекторите не изрекле казни. Како главна причина се наведува нагло зголемената побарувачка за гориво, која во одредени моменти била и до четири пати поголема од вообичаеното.


