Кафето е дел од секојдневието на многу луѓе, но начинот на подготовка може да има различно влијание врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека филтер кафето е најдобар избор за срцето, бидејќи хартиениот филтер ги задржува маслата (дитерпени) кои го зголемуваат холестеролот.
Инстант кафето исто така има помалку од овие супстанции поради индустриската обработка. Еспресото се наоѓа некаде на средина, бидејќи дел од маслата остануваат во пијалакот, но количината е мала.
Најризично за холестеролот е домашното, односно турско кафе, бидејќи се подготвува без филтрација и содржи многу повеќе дитерпени. Затоа, луѓето со висок холестерол треба да го ограничат неговото консумирање.
Според Европската агенција за безбедност на храна, безбедна дневна количина за возрасни е до 400 милиграми кофеин, односно околу 4-5 шолји кафе дневно.


