Косовска и албанска компанија добиваат лиценци за трговија со струја во Македонија

0
47

Една косовска и една албанска компанија ќе добијат по две лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија на слободниот пазар во Северна Македонија од страна на Регулаторната комисија за енергетика.
Станува збор за компаниите „Волтон“ од Албанија и „Бе Пауер“ од Косово, кои во февруари поднеле барања за лиценци, а нивните апликации биле разгледани на седница на 6 март.
Албанската компанија „Волтон“ регистрирала фирма во Македонија во ноември 2025 година, со директор Васил Шпата од Тирана. Косовската „Бе Пауер“ во јануари годинава отворила компанија во земјава, раководена од Бесим Хетеми од Вучитрн.
Двете компании ги исполниле условите со поднесената документација и ќе треба да обезбедат гаранција од 100.000 евра за учество на слободниот пазар со електрична енергија. Минатата година Регулаторната комисија за енергетика издаде 15 лиценци за тргување и девет лиценци за снабдување со електрична енергија.